Skip to main content
Свет

Напад со беспилотно летало врз нафтен комплекс во Кувајт, нападнато е и министерството

05/04/2026  09:03

Кувајтската нафтена компанија (KPC) објави дека по напад со беспилотно летало рано утрово, избувнал пожар во нафтениот комплекс Шуваик, во кој се сместени Министерството за нафта и седиштето на KPC, јавува кувајтската државна новинска агенција.

Засега нема повредени. Екипи за итни случаи се на местото на настанот, како и пожарникари кои го гаснат пожарот.

Кувајтските државни медиуми, повикувајќи се на Министерството за финансии, објавија дека ирански дрон го нападнал канцеларискиот дел од владиното министерство во Шуваик. Притоа, тој предизвикал значителна материјална штета, но немало жртви.