
“До нашата редакција пристигна видео на кое јасно се гледаат општински камиони како одложуваат ѓубре во населено место Јурумлери. Станува збор за отпад за кој, според изјавите на жителите, градоначалникот претходно се пофалил дека дал лична наредба да биде исчистен и транспортиран во нова, контролирана депонија.
Но, наместо тоа, револтирани граѓани тврдат дека отпадот завршува токму во нивното населено место, со што, наместо решение, се создава нова депонија. „Градоначалникот кој се претставува како загрижен за депониите во Вардариште и Трубарево, сега лично создава нова во Јурумлери,“ реагираат жителите.
Тие јавно бараат случајот да се расчисти и институциите итно да санкционираат одговорни за создавање на диви депонии кои, како што велат, претставуваат директна закана за здравјето и животната средина”, ова е објавено на Фејсбук “За наша Гази Баба”.
Видеото погледнете го со клик ТУКА.