Skip to main content
Македонија

Намалени сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди, тврди Тошковски

01/03/2025  14:52

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во главниот град, сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти, а сообраќајните незгоди со телесна повреда за околу 24 проценти. Вкупниот број на сообраќајни незгоди, како што изјави Тошковски, е намален за околу 13 отсто споредено со минатата година.

Полициските контроли во главниот град се интензивирани по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која на 29 јануари загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.

Според Тошковски, кога ќе има постојан видео надзор, секој граѓанин кој ќе направи прекршок, ќе биде детектиран и казнет и секој ќе ги почитува сообраќајните правила.

– Не е целта да се казнуваме, туку да немаме луѓе коишто гинат на улица, подвлече Тошковски.