Skip to main content
Македонија

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка – Лисец

07/02/2026  19:02

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози, информираат од ЈП „Македонијапат“.

Поради појава на магла, на патниот правец Попова Шапка – Лисец е забележана намалена видливост до 100 метри.

Од „Македонијапат“ предупредуваат дека на одредени делници кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Оттаму апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и брзината на движење да ја прилагодат на условите на патот.