Skip to main content
Македонија

Намалена видливост поради магла на овие патни правци

13/12/2025  19:27

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до150 метри има во Кичево и Ботун, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни

Повторно е блокиран граничниот премин Евзони