
Трошоците за живот во светските метрополи и натаму растат, а разликите меѓу градовите стануваат сè поочигледни. Според новата анализа на платформата Numbeo, базирана на стотици илјади кориснички податоци, објавена е листата на најскапи градови за живеење во 2026 година.
На врвот повторно се швајцарските центри. Цирих го зазема првото место, пред Женева, Базел, Лозана, Лугано и Берн. Високите цени таму се поврзуваат со стабилната економија, ограничената понуда на домување и високите стандарди.
Меѓу десетте најскапи се и неколку американски градови – Њујорк, Хонолулу и Сан Франциско, како и Рејкјавик. Кај американските метрополи, анализата укажува дека растот на трошоците, особено за домување и здравство, често го надминува растот на платите.
Индексот за 2026 година покажува дека во дел од овие градови животот се доближува до луксуз, а податоците претставуваат важен економски сигнал не само за поединци, туку и за носителите на политики и инвеститорите.


