
Основното јавно обвинителство денеска испрати листа со возраста и бројот на загинати лица од дискотеката во Кочани.
Истиот е доставен до Јавното обвинителство од Институтот за судска медицина.
„Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до обвинителството“, велат од таму.
Тројцата најмлади, имаат по 16 години, тројца се по 17 години, четворица починати се 18-годишници. И така по ред, се бројат младите, кои ги загубија животите. По седуммина од жртвите имале 24 и 27 години, додека најстарата жртва има 48 години.
Во продолжение списоците: