Skip to main content
Свет

Најмалку петмина загинати во експлозија во фабрика за петарди во Пенџаб

30/05/2025  12:11

Во експлозија во фабрика за производство на петарди во селото Сингевала, област Муктсар во Пенџаб, загинаа пет работници, а 29 се повредени, јави денеска „Хиндустани тајмс“.

Во фабриката за производство и пакување петарди, која се наоѓа близу границата со Харијана, вработените се претежно мигранти.

Експлозијата, која се случила утрово околу еден часот, предизвика уривање на целата фабричка структура.