Skip to main content
Свет

Најмалку пет загинати во зимската бура во САД

07/01/2025  13:46

Зимската бура која погоди дел од САД одзеде најмалку пет животи, предизвикувајќи затворање на училишта, откажување летови и прекин на снабдувањето со струја во многу региони.

Седум американски држави прогласија вонредна состојба – Мериленд, Вирџинија, Западна Вирџинија, Канзас, Мисури, Кентаки и Арканзас.

Според податоците, околу 2.300 летови се откажани, а 190.000 лица останале без електрична енергија.

Снежните врнежи се очекува да продолжат, извести Националната метеоролошка служба.