
Најмалку 25 лица се повредени во руски ракетен напад на Харкив кој погодил стамбена зграда. Спасувачките тимови пребаруваат под урнатините.
„Ракетните напади во центарот на Хaркивречиси целосно ја уништија петкатницата“, изјави гувернерот на регионот, Олег Синиегубов, за украинската телевизија. Според прелиминарните информации, зградата ја погодиле две балистички ракети.
Тој истакна дека најмалку 25 лица се повредени, од кои 16 се хоспитализирани, вклучувајќи жена во критична состојба. Градоначалникот Игор Терехов зборува за 30 повредени.
Хaркив, вториот најголем украински град, се наоѓа само околу 30 километри од границата со Русија и беше една од главните цели на почетокот на руската инвазија. Градот е успешно одбранет од Украина, но и понатаму е честа цел на руски воздушни напади.
