Skip to main content
Свет

Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри

15/12/2025  10:47

Автобус што превезувал ученици на матурска екскурзија се урна во клисура длабока 80 метри во Колумбија.

„Повеќе од дванаесет лица“ ги загубија животите, наведе гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени.

Без да наведуваат извори, медиумите објавија најмалку 16 загинати.

Учениците од 11-то, последно, одделение се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Според извештаите на медиумите, во автобусот што паднал во клисурата во рурална област недалеку од Сеговија имало околу четириесет патници.

Повредените се пренесени во болница. Според официјалните информации, повеќето од нив се на возраст меѓу 16 и 18 години.

„Денеска е тажен ден за Антиокија“, рече гувернерот.

Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата истражува што довело до несреќата.