Skip to main content
Балкан

Најмалку 10 лица убиени, во Црна Гора три дневна жалост

01/01/2025  22:55

Црна Гора е во шок по крвавиот инцидент кој се случи денеска во Цетиње, каде што најмалку 10 лица се убиени од истрели од огнено оружје. Полицијата трага по осомничениот Ацо Мартиновиќ (45), кој е идентификуван како сторител на масакрот.

Според првичните информации, трагедијата започнала во локално кафуле по вербална расправија. Мартиновиќ, по краток конфликт, го напуштил кафулето, се вратил дома по оружје и се вратил на местото на инцидентот. Во кафулето убил четворица мажи, меѓу кои и сопственикот на објектот.

Убиствата продолжиле на уште две локации, при што животите ги загубиле и две деца, како и членови на семејството на напаѓачот.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, потврди дека според досегашните информации, бројот на загинати изнесува најмалку десет лица.

Радиотелевизија на Црна Гора (РТЦГ) објави дека Мартиновиќ претходно бил во конфликт со лицето Д.К., кого го сретнал во кафулето. По кратката расправија, Мартиновиќ заминал дома по оружје, се вратил и почнал да пука.

Покрај жртвите во кафулето, тој заминал во населбата Хумчи, каде ги убил децата и сопругата на газдата на кафулето. На трета локација е убиено уште едно лице.

Црна Гора ќе прогласи тридневна жалост поради масакрот што се случи денеска во Цетиње