Skip to main content
Свет

Најголемиот светски производител на нафта предупредува на катастрофа

10/03/2026  18:44

Сауди Арамко, најголемиот светски извозник на нафта, предупреди дека глобалниот пазар на нафта би можел да биде силно погоден ако војната во Иран продолжи да го нарушува пристапот до Ормутскиот теснец, клучен енергетски превoз.

Континуираните нарушувања би можеле да се прошират и да влијаат на авијацијата, земјоделството, автомобилската и другите индустрии, изјави извршниот директор на Арамко, Амин Насер, за време на презентацијата на компанијата во вторник, објави CNN.

„Ќе има катастрофално влијание врз глобалните пазари на нафта ако нарушувањата продолжат, а колку подолго траат, толку е посериозно влијанието врз глобалната економија“, рече тој, додавајќи дека глобалните залихи на нафта се на најниско ниво во последните пет години.