Skip to main content
Скопје

Најголем дел од Ѓорче Петров остана без електрична енергија

03/01/2025  11:16

Некаде пред 11.00 часот без електрична енергија остана најголем дел од скопската населба Ѓорче Петров.

Без снабдување со струја се деловите околу надвозникот кај Даме Груев, на улицата Борис Сарафов (4-ти Јули), како и улиците околу Европската очна болница.

До овој момент нема информации за причините за прекинот и до кога оваа населба ќе биде без струја.