Skip to main content
Македонија

Најголем број од жртвите во пожарот во Кочани се меѓу 14 и 24 години

16/03/2025  11:23

Директорката на директорката на болницата во Кочани, Кристина Серафимова даде првична изјава по трагедијата која се случила ноќеска во ноќниот клуб.

Таа вели дека првиот повик го добила во 2:48 часот, и болницата била веднаш мобилизирана.

„Првиот повик беше во 2:48 часот. Се мобилизираше цела болница, и почнаа да ги носат првите пациенти. Бидејќи имавме помал број на возила, се обратив на сите директори на сите градови од источна Македонија, но и од Скопје и од Велес.

Во моментот во Кочани има 20 пациенти со полесни повреди, а сите други над 50 се пренесени во клиниките во земјава. Починати лица се многу, но точна бројка не може да се каже додека не заврши идентификацијата. Дел од починатите имаа лични карти, а други немаа. Жртвите се од 14 години до 24-25 години. За повредените кај нас е од 18-23 години“, изјави Серафимова.