Skip to main content
Македонија

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат

05/07/2025  18:38

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C.

Утре во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Утре во попладневните и вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер во форма на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

„Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и четврток поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната темепратура, а во среда претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд“, вели Ленче Ризова метеоролог во УХМР.