
Над 700 луѓе загинале во израелските напади низ Либан од 2 март, според податоците на Министерството за здравство на таа земја објавени денеска, јавува „Анадолија“.
Либанската национална новинска агенција NNA пренесе соопштение од министерството во кое се наведува дека вкупниот број на загинати во периодот од 2 до 13 март достигнал 773, додека 1, објави 4news.mk 933 лица се повредени.
Хезболах на 2 март започнал да ги напаѓа израелските воени позиции како одговор на израелските напади врз Либан, и покрај примирјето од ноември 2024 година, како и по убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во Техеран.
Истовремено, Израел ја проширил својата кампања со воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут и врз области во јужниот и источниот дел на Либан.
На 3 март, Израел започнал ограничен копнен напад во јужниот дел на Либан, откако на 28 февруари заедно со САД ја започнале воената кампања против Иран.

