Skip to main content
Свет

Над 40 деца и здравствени работници настрадаа во напад на болница во Судан

24/06/2025  22:25

Над 40 деца и здравствени работници настрадаа во напад на болница во Судан
Болницата „Ал-Муџлад“, која се наоѓа во државата Западен Кордофан, беше единствената функционална здравствена установа во областа и обезбедуваше нега на цивили, објави „Гардијан“.

Нападот се случил во саботата за што се обвинети две страни во конфликтот – Силите за брза поддршка (RSF) и Суданските вооружени сили (SAF).

Болницата „Ал-Муџлад“ обезбедувала витални услуги како што е дијализата и била клучна за лекување на цивили во погодената област од конфликтот. Според Мрежата на судански лекари, болницата била единствената функционална здравствена установа во поширокиот регион, што дополнително го нагласува обемот на загубата. Нападот остави многу мртви, како и десетици повредени.

RSF ја обвини војската за извршување на нападот, велејќи дека целта била елиминирање на нејзините членови наводно сместени во болницата. Војската сè уште не одговорила на обвинувањата. Ваквите меѓусебни обвинувања дополнително ја комплицираат веќе сложената безбедносна ситуација во Судан, каде што конфликтот трае речиси три години.

ОН и УНИЦЕФ предупредуваат дека ситуацијата со децата во Судан е критична. За време на граѓанската војна што започна во април 2023 година, еден милион луѓе беа погодени, а хуманитарните организации предупредуваат дека немаат доволно средства за да помогнат. Многу деца се изложени на ризик од неухранетост, напуштање на училиште и ризик од експлоатација и болести. Шефицата на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, истакна дека најранливите деца се соочуваат со тешките последици од конфликтот, вклучително и ужасни случаи на сексуална злоупотреба.