Skip to main content
Свет

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

04/07/2025  11:44

Повеќе од 20 луѓе се повредени откако патнички автобус излета од пат и се преврте во северна Германија, соопшти денеска локалната полиција.

Автобусот на популарниот превозник „Фликсбус“ (Flixbus) сообраќал на релација Копенхаген-Виена и рано утрово излетал од автопатот во близина на градот Рубел, околу 140 километри северно од Берлин.

Полицијата во моментов ја истражува причината за несреќата, а спасувачите извлекле едно потешко повредено лице од автобусот.

Локалните власти го затворија за сообраќај делот од автопатот каде што се случи несреќата, а „Фликсбус“ соопшти дека соработува со сите потребни служби за да ја утврди причината за инцидентот.