Skip to main content
Спорт

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

16/03/2026  17:31

Македонската фудбалска репрезентација влегува во клучната фаза од борбата за пласман на Светското првенство што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Новиот селектор Гоце Седлоски денеска ја започнува својата прва голема задача, откако го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за бараж-натпреварот против Данска, како и за евентуалното финале што би следело.

Првиот предизвик за македонскиот национален тим ќе биде гостувањето во Копенхаген, каде што натпреварот ќе се игра на стадионот „Паркен“, објави 4news.mk Се очекува домашната селекција да има силна поддршка од трибините, но и македонските фанови ќе бидат во значителен број.

Според информациите, повеќе од 1.000 македонски навивачи веќе го обезбедиле своето место на стадионот во данската престолнина. Интересот е голем, а за секторот наменет за македонските фанови остануваат уште помалку од 100 билети.

Од Фудбалската федерација на Македонија информираат дека до синоќа биле преостанати само 97 билети, што значи дека македонската репрезентација ќе има сериозна поддршка од трибините и на гостински терен.