
Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ најавува традиционален Велигденски концерт под насловот „Велигденско празнување“, кој ќе се одржи на 8 април 2026 година во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот.
Концертот е дел од новата концертна сезона „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“. „Танец“ ќе претстави програма која е мост помеѓу вековното наследство и модерниот сензибилитет со Безвременски кореографии, моќни гласови на хорот и солистите, раскош на македонските народни носии, секоја со своја приказна и вез, концерт кој го слави животот и воскреснувањето на традицијата во новото време.
Билетите ќе бидат достапни на билетарницата на МНТ и онлајн преку официјалната мрежа на МНТ.
Придружете се во Македонскиот народен театар, каде сцената ќе пулсира со енергија на нашите предци, интерпретирана од професионалноста на врвните уметници на „Танец“.

