Skip to main content
Македонија

Начева Богоевска на поткаст ЗРАК: Ништо во здравството не е на поединец, туку мора да се работи тимски

12/01/2025  21:39

Д-р Андреа Начева Богоевска, интервентен радиолог  од ГОБ „Осми Септември“ во поткаст ЗРАК со д-р Марина зборуваше за важноста на мултидисциплинарниот пристап во процесот на лекување.

Според неа, погрешно е толкувањето дека во медицината еден поединец може да знае се.

„Ништо во здравството не е на единка, нема еден да знае. Знаете како е во Европа, сите велат дека тоа е мултидисциплинарно, никој не вел „јас знам“. Затоа и јас на студентите и ние како тим кој работи интервента радиологија многу парти заедно седнуваме. Многу пати многу раборти заедно ги решаваме во текот на денот. Секако, зборувам и со онколозите, со хирурзите. Не секогаш може да се изведе некоја процедура, се поставува прашање, ние евалуираме, гледаме, размислуваме што може, што не може. Работиме заедно какко тим и затоа имаме резултати“ заклучи Богоевска.