Skip to main content
Македонија

Началникот на Генералштабот ќе учествува на Координативната конференција на Командантите на јужното крило на НАТО

16/11/2025  14:28

Од 17 до 19 ноември 2025 година, на покана на командантот на Командата на здружени сили – Неапол (Joint Force Command Naples – JFC Naples), делегација на Армијата предводена од Началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на дводневната Координативна конференција на Командантите на јужното крило на НАТО, која ќе се одржи во Неапол, Република Италија.

На конференцијата на која ќе учествуваат началниците на генералштабовите на армиите од регионот, како и претставници од партнерските земји на НАТО, ќе се дискутира за теми од стратешко значење за Алијансата, регионалните планови на НАТО, како и активностите под надлежност на Здружената команда на НАТО силите во Неапол.

Конференцијата ќе заврши со церемонија на примопредавање на должноста Командант на JFC Naples, на која адмирал Стјуарт Манч ќе ја предаде должноста на адмирал Џорџ Викоф.