Skip to main content
Хроника

Началник од Кисела Вода фатен со недозволена муниција и солзавец – суспендиран од работа

24/06/2025  17:34

Началникот на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, С.Д. од Скопје, се соочува со кривична пријава поради сомнение за нелегално поседување оружје и муниција. Одделот за внатрешна контрола при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе пријава за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Во претрес извршен со судска наредба, и во неговиот дом и во службените простории на МВР каде што работел, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Покрај кривичната постапка, против С.Д. е покрената и дисциплинска постапка поради кршење на работната дисциплина, а му е изречена и мерка отстранување од работното место додека трае истрагата.