Skip to main content
Хроника

На увид дал лична карта од неговиот брат, а вметнал и сопствена фотографија на личната карта – гостиварчанец кривично ќе се гони

07/10/2025  14:12

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Б.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и ,,злоупотреба на лични податоци“.

На 31.03.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што на увид дал лична карта, сопственост на неговиот брат, а вметнал и сопствена фотографија на личната карта.