
На 02.11.2025 во 08:52 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.С.(53) од с.Врапчиште, гостиварско, со словенечка лична карта, затоа што при гранична контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на „стоп листа” по барање на Интерпол Словенија.
Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

