
Македонската репрезентација во традиционално карате претстојниот викенд (8 и 9 март) ќе учествува на Светскиот куп во Краков, Полска.
– Македонија ќе ја преставуваат 11 натпреварувачи во јуниорска, кадетска и детска категорија во кати и кумите поединечно. Во јуниорска конкуренција ќе настапат Матеј Мангаровски и Лука Билбилов во кати и кумите, во кадетска конкуренција ќе настапат Камелија Недев и Софија Јарчевска во кати, а во детска категорија ќе настапат: Филип Недев, Георги Кокорманов, Тадеј Недев, Драган Стојановски, Максим Поп Трпев, Иан Режак и Мила Владев, соопштија од Македонската традиционална карета федерација.
Македонската репрезентација ќе биде предводена од тренерите Дејан Недев и Аљоша Недев.
На Светскиот куп ќе учествуваат повеќе од 1.500 каратисти од целиот свет.