Skip to main content
Хроника

На странски државјанин му биле откриени непријавени 150 илјади фунти на скопскиот аеродром

07/03/2026  13:28

Странски државјанин на меѓународниот аеродром Скопје при контрола му биле најдени 150 илјади фунти кои не биле пријавени. Тој патувал кон Лондон.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани. Против него е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Царинската управа континуирано спроведува активности насочени кон откривање и спречување на нелегалниот прекуграничен пренос на готовина, со што директно придонесува во борбата против финансискиот криминал.