
На средбата посветена на Украина во Берлин ќе присуствуваат Марк Руте, генералниот секретар на НАТО и претседателката на европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Портпаролот на ЕК изјави дека Лајен веќе јасно ги изразила очекувањата на Комисијата и на ЕУ од мировните преговори во Украина.
– Нема да разговараме детално во овој клучен час за преговорите. Засега нема да кажеме повеќе, патувањето е во согласност по претходно поставените цели, наведе портпаролот на ЕК.
Домаќин на состанокот ќе биде германскиот канцелар Фридрих Мерц.
