Skip to main content
Македонија

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена

03/07/2025  18:32

Пред два дена во Основен суд Скопје 1 за време на судење нападната е судијка која одбила да потпадне под влијание, дознава 24инфо.мк.

Неофицијално, напаѓачот е човекот кој се сомничи за заканите врз пратеничката Славјанка Петровска од пред некој ден.

Според информациите кои стигнаа до нас лицето С.С. упаднало на судење и вршело притисок кон судијката која ја присилувал да издаде извршно решение за одземање на дете, на што таа се спротивставила и го замолила да излезе од судница.

Реагирала и судската полиција.

Повеќе информации очекуваме од МВР