Skip to main content
Забава

На ретроградниот Меркур му дојде крајот: Родените во овие 3 знаци од денес конечно ќе здивнат

07/04/2025  17:47

Три знаци по денешниот ден, 7 април, ќе го вратат чувството за контрола, ефикасност и ментална стабилност.

Ретроградниот Меркур е познат како еден од најпредизвикувачките астролошки периоди – носи недоразбирања, проблеми, одложувања и општа конфузија во секојдневниот живот. За време на неговата ретроградна фаза, многумина се чувствуваат како да се заглавени во минатото, додека нивните планови не се онакви кави што ги замислиле.

Добрата вест е дека од денес, 7 април 2025 година, следи период на олеснување и можност да се поправи нередот што Ретроградниот Меркур го остави зад себе.

Сите на некој начин ќе ја почувствуваат промената, но особено на три хороскопски знаци ќе им олесни. За нив крајот на ретроградниот Меркур ќе значи враќање на бистрината, подобра комуникација и поуспешна реализација на целите.

Близнаци

Близнаците се под директно влијание на Меркур, бидејќи тоа е нивната владејачка планета. Во ретроградниот период веројатно се соочиле со недоразбирања, доцнења и проблеми. Сега, тие конечно ќе можат да комуницираат појасно, да донесуваат подобри одлуки и полесно да ги решаваат заостанатите работи. Доколку се појавиле проблеми во врските, ова е моментот за разјаснување и нови почетоци.

Девица

Девиците доживеаја многу фрустрации во овој ретрограден период, особено во деловните и секојдневните задачи. Можеби се соочиле со одложување на проектите, недоразбирања на работа и недостаток на продуктивност. Но, по 7 април, сè ќе оди без проблеми – ќе им се врати чувството на контрола, ефикасност и ментална бистрина. Ова е идеално време за нов почеток, особено во деловниот свет.

Риби

За време на ретроградниот Меркур, Рибите можеби чувствувале внатрешна конфузија и несигурност, особено во љубовните и семејните односи. Од понеделник ‘ април Рибите ќе почувствуваат емоционално олеснување, појасно ќе ги разберат сопствените потреби и ќе донесат помудри одлуки во врските, пишува „Ел“.