
Продожува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на информативен разговор повикани ќерката и сопругата на сопственикот Дејан Јованов – Деко.
Извор за Канал 5 тврди дека во врска со пожарот во дискотеката се конфискувани 5 мобилни телефони.
На информативен разговор во полициска станица се повикани ќерката и сопругата на сопственикот на дискотеката „Пулс“ Дејан Јованов- Деко, а истиот извор тврди дека токму ќерката на Деко ја подигнала лажната лиценца во Министерството за економија.