
Пациентка на 82 годишна возраст од Скопје починала на Пулмологија со лабораториски потврден грип. Жената имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против грип. Ова е четврти смртен случај од почетокот на сезоната на грип.
Бројот на новозаболени е намален за 15% во споредба со претходната недела. Регистрирани се 2.569 случаи, а највисока инциденца се регистрира кај децата до 4 години.
Од почетокот на сезоната досега регистрирани се над 19.000 случаи на грип. Според лекарите пикот на грипот е достигнат и очекуваат намалување на бројките на заболени.