Skip to main content
Хроника

На неколку пати се враќал да спасува деца: Последниот пат бил кобен, го препознале по бурмата

18/03/2025  15:20

Се враќал во дискотеката за да извлече што е можно повеќе деца, а потоа се срушил покривот..

Георги Величков е една од жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Негов близок роднина открива шокантни детали за неговата смрт.

Спасувал деца од огнената стихија, а последниот пат кога влегол внатре се срушил покривот.

„Беше во групата која го славеше раѓањето на детето. Два-три пати се враќал за да ги извлече луѓето, а потоа го удрил струја кога паднал покривот на дискотеката. Неговиот татко го препознал по бурмата. Зад себе остави двомесечно дете“, раскажува негов роднина за „Информер“.