
На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница при обид за излез од државата, полицијата привела лице за кое имало изречена мерка за апсење од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Охрид.
На 15.08.2025 во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан”, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е З.Б.(62) од Гостивар.
По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси” и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило”, по член 297 од Кривичниот законик.
Тој е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Гостивар”.