Skip to main content
Македонија

На ГП Табановце се чека околу 30 минути

28/06/2025  09:11

На граничниот премин Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Авто мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.