
На 10.06.2025 во 22.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(26) од Косово затоа што при гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол со активна мерка „украдено возило”.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.