Skip to main content
Хроника

На ГП „Блато” приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница

05/03/2026  11:29

На 04.03.2026 во 15:05 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го лишија од слобода А.Б.(38) од Република Албанија.  

При пасошка и гранична контрола, полициските службеници констатирале дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Унгарија. 

Тој е пренесен во ОВР Дебар за понатамошна постапка.