Skip to main content
Хроника

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, се запалило и возило во колона, нема повредени

06/01/2026  13:47

Портпарол на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека e лишен од слобода албански државјанин кој се сомничи за кривично дело „изнуда”.

На 05.01.2026 година во 15:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Блато”, од слобода го лишија А.Г.(28)  од Булгиза, Република Албанија, кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „изнуда”.  А.Г. е пренесен и задржан во ОВР Дебар, за натамошна постапка.

Димоски, информира и дека вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар. 

На 05.01.2026 година во 15.20 часот, во патничко возило „пасат” со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан”, избувнал пожар. Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.