Skip to main content
Култура

На денешен ден во 1961 година се случила премиерата на македонскиот филм „Мирно лето“

18/05/2025  17:41

На денешен ден во 1961 година, во скопското кино „Култура“ се случила премиерата на првиот македонски филм „Мирно лето“, режиран од македонскиот режисер Димитрие Османли

Автор на сценариото за филмот е Фрида Филиповиќ, а улогите ги толкуваат: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Дарко Дамески, Илија Милчин, Мери Бошкова, Петре Прличко и Стојка Цекова.

„Мирно лето“ започнал да се снима во Охрид на 25-ти септември 1960 година.

Филмот „Мирно лето“ во 1961 година за само четири дена го виделе 17 илјади гледачи.