Skip to main content
Балкан

На атинскиот аеродром запленети 43 килограми шверцувани хавански пури во вредност од 440.000 евра

27/03/2026  15:31

Во куфер на државјанин на Куба на меѓународниот аеродром во Атина, биле откриени и запленети 43 килограми шверцувани хавански пури, чија вредност се проценува на 440.000 евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ΑΑΔΕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, при спроведување на насочени контроли на инспекторите, во багажот на Кубанецот, кој во Атина пристигнал преку Турција, биле пронајдени 2.806 пури од различни познати брендови, нивната вкупна даночна вредност изнесува 440.000 евра, додека пак соодветните царини и даноци се 280.000 евра.

Патникот веднаш бил уапсен и изведен пред надлежен истражен судија, додека шверцуваните производи се конфискувани.