Skip to main content
Хроника

На 76-годишна жена од Прилеп и украле златно ланче, но експресно биле фатени од полицијата

28/05/2025  11:52

На 27.05.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп ги лишија од слобода М.К.(18) од Прилеп и еден малолетник, постапувајќи по пријава од 76-годишна жена од Прилеп дека истиот ден околу 14.50 часот на ул. „Кеј 9 Септември“, во близина на паркот во Прилеп, две лица кои биле со мотоцикл и одзеле златно ланче.

Украденото е вратено на пријавителката, а по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.