
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека, согласно одлуката за завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година донесена од Владата на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Тоа значи дека во три часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.