Skip to main content
Магазин

На 20 и 21 септември ќе се одржи „ВМ Класик рели – Запад“, рели со историски возила

16/09/2025  17:17

На 20 и 21 септември ќе се одржи „ВМ Класик рели – Запад“, рели со историски возила организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик. Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.

Стартот на релито ќе биде од центарот на Скопје, по што ќе следуваат:

Прва и втора етапа со завршници во Фалише и Маврово,

Трета етапа и цел на натпреварувачкиот дел е во Вевчани, каде што ќе се одржи и изложба на историски возила.

Во текот на релито ќе бидат посетени и Струга, Охрид и Тетовско Фалише, каде исто така ќе има изложба на историски возила.

Настанот претставува рели со регуларност, познато и како рели Време-Брзина-Растојание (TSD) – форма на мотоспорт каде што целта на учесниците е да одржат зададена просечна брзина по трасата, наместо да постигнат најбрзо вкупно време.

Релито ќе се одвива во целосна согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.