Skip to main content
Македонија

МВР затекна малолетници во угостителски објекти во Куманово

14/12/2025  15:20

По спроведената контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово ноќта меѓу 13 и 14 декември биле легитимирани вкупно 74 лица, а во два објекти биле затекнати малолетници после полноќ.Контолата била спроведена од страна на плициски службеници од СВР Куманово, заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.

– Притоа, во еден од нив од слобода е лишена С.В. (45), која го изнајмила просторот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејство на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство, информираат од МВР.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.