
Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, презема мерки и активности на повеќе локации во Скопје и Струмица поврзани со опојна дрога.
Од МВР информираат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на акцијата.
Според информации објавени од дел од медиумите, синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје.
Наводно, во акцијата се вклучени повеќе институции – полицијата, царината, здравствени служби и јавното обвинителство, а фокусот е насочен кон мрежа на таканаречени „легални“ производители на канабис.

