
МВР со детали за вчерашниот пожар кај „Вардариште“ поради кој 47.000 корисници во Скопје останаа без струја.

– На 12.06.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Вардариште“ настанал пожар на отворено, при што гори сува трева, ѓубре и дрва. Повредени лица нема, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснале пожарот. Исто така, било пријавено дека од настанување на пожарот до 15.30 часот, на барање на противпожарната бригада, од МЕПСО превентивно била исклучена електричната енергија во општина Аеродром, како и делови од село Стајковци, Трубарево, Јурумлери и индустриска зона Гази Баба, известија од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.