Skip to main content
Хроника

МВР со детали за трагичниот настан на Дебарското езеро

29/06/2025  12:49

На 28.06.2025 година во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарското езеро во близина на пумпната станица- Дебар, на околу два метри од брегот на езерото, почината е пронајдена С.А. (27) од Дебар.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, а лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство, по што телото е дадено за обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.