Skip to main content
Хроника

МВР со детали за сообраќајката на Гологанов: „Волво“ удри во семафор, па во пешак – возачот избегал

25/02/2025  13:15

На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото, информира МВР.

Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.