Skip to main content
Хроника

МВР со детали за денешнипт инцидент во Чаир: Тројца повреденк, еден е малолетник

17/06/2025  22:07

На 17.06.2025 во 19.48 чсот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.”Цветан Димов” со ул.”Џон Кенеди”, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу 14-годишник од Скопје и лицата С.Р.(64) и Б.С.(18), двајцата од Скопје, при што биле употребени ножеви и лицата си нанеле повреди.

Тие биле пренесени во ГОБ “Св.Наум Охридски” и Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.